logo
logo
logo

Познат готвач ги откри барањата на Викторија Бекам: Имаше чудни работи кои никогаш во животот не сум ги видел...

Vecer | 29.06.2022

Познат готвач ги откри барањата на Викторија Бекам: Имаше чудни работи кои никогаш во животот не сум ги видел...

Популарниот шпански готвач Дани Гарсија ја коментираше Викторија Бекам (48) и рече дека имала бизарни и комплицирани барања за време на свадбената вечера на Серхио Рамос и Пилар Рубио.

- Беше многу чудно. Викторија Бекам го смени целото мени – изјави тој во интервју за шпанската телевизија.

- Сакаше се поинаку и да ѝ служиме само зеленчук, а имаше и некои други чудни работи што ги немав видено во животот. Со себе имаше кокосова вода, чинија со нане и хидроалкохолен гел кој сега е многу познат, но не беше тогаш затоа што пандемијата на Ковид се уште не започнала - додаде тој.

Беше многу комплицирано да ја послужам таа вечер“, заклучил тој.

Необичните навики во исхраната на Викторија се предмет на дебата со години.

За време на Евро 2004, таа наводно држела диета со јагоди и минерална вода, а претходно открила дека нема да јаде храна подготвена во масло, путер или сосови и дека нема да јаде црвено месо или млечни производи.

Минатата година, таа рече дека нејзината омилена храна е тост од цели житарки со сол.

„За повеќето ресторани, јас сум веројатно најлошиот кошмар“, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk