Драгомир Гидра Бојаниќ, кој публиката во регионот ја освои со улогата на Жика Павловиќ во „Жикина династија“, дури двапати се разведувал од истата жена за повторно да ѝ се врати. Колку проблеми и да имале, едноставно не можеле еден без друг.
Гидра уште на Академијата ја запознал актерката Љиљана Контиќ, која била две години постара од него и веднаш еден во друг пронашле сродна душа. Парот се венчал во 1966 година, а четири години подоцна ја добиле ќерката Јелена. Актерот бил многу посветен на семејството и постојано ја опсипувал ќерката со љубов и внимание. Ја крстил во Москва додека го снимал филмот „Свадба“.
-Не верував дека можам да бидам толку „затрескан“. Кога бев млад, не можев ни да претпоставам дека еден ден ќе бидам толку приврзан за семејството... За едно семејство од исклучително значење е флуидот што го поврзува - изјавил Гидра во една прилика.
Самата Љиљана говореше за тоа колку била посветена на семејството, и дека семејството го ставила пред кариерата и плановите што ги имала.
- На Академијата бев многу амбициозна, но во моментот кога се омажив за Гидра бев свесна дека актерството ќе мора да трпи во интерес на семејството. Претпоставувам дека тоа нам жените ни е во крвта. Хуморот на Гидра е ведар, жив, но тој има и драмски улоги дома. Тој е човек кој може да поднесе многу, но во моментот кога ќе „пукне“ сè може да се случи. Сепак, најважно во бракот е меѓусебно да ја почитуваме личноста и независноста. Нема ништо само за него или само за мене – признала таа.
Иако таа немаше многу забележителни улоги, сепак на сите им го привлече вниманието кога таа и Бојаниќ споделија кадар во филмот „Што се згоди кад се љубав роди“. Таа ја играше улогата на професорката по музичко која ја спречуваше љубовта помеѓу Миша и Наташа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата