logo
logo
logo

Официјално објавена причината за смртта на глумицата Мишел Трахтенберг

Vecer | 17.04.2025

Официјално објавена причината за смртта на глумицата Мишел Трахтенберг

Според списанието „Пипл“ (People), актерката починала од природна смрт, предизвикана од компликации поврзани со дијабетес. Конечниот заклучок е донесен по анализата на резултатите од токсиколошките тестови, според Канцеларијата на главниот лекарски истражител, од каде додадоа дека токсиколошки тест може да се направи без обдукција.

Трахтенберг почина на 26 февруари на 39-годишна возраст, откако службите за итна помош во Њујорк одговориле на повикот и ја пронашле во несвесна состојба и без знаци на живот. Смртта не се сметаше за сомнителна, па семејството на Трахтенберг одби обдукција поради нивната еврејска вера. Се очекуваше причината за смртта да остане „неутврдена“. Сепак, резултатите од токсикологијата обезбедија одговори.

Родена њујорчанка, Трахтенберг почнала со глума уште како дете. Славата ја стекнала со насловната улога во филмот „Шпионката Хариет“ (Harriet the Spy) од 1996 година, кога имала 10 години. Детските улоги и соработката со Сара Мишел Гелар ја доведе до улога во тинејџерската хит-серија „Бафи - убиецот на вампири“ (Buffy the Vampire Slayer) од пред  25 години.

Нејзината последна (овојпат споредна) улога беше онаа во цртаната ТВ-серија „Шпионката Хариет“ од 2023 година, како д-р Вагнер.

Фото: ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk