logo
logo
logo

Познат актер починал за време на екстремен сексуален чин: Беше врзан и задушен 30 минути

Vecer | 25.02.2026

Познат актер починал за време на екстремен сексуален чин: Беше врзан и задушен 30 минути

Џош Бакстер го покани 38-годишниот актер Мајкл Барон во својот дом во Манчестер откако двајцата разговараа за груб секс на апликацијата за запознавање Grindr. Потоа 28-годишникот го врза Мајкл со јаже и го задави најмалку 30 минути, објави „The Sun“.

Мајкл починал откако доживеал срцев удар поради недостаток на кислород во мозокот.

Бакстер беше осуден за намерно задушување и незаконско предизвикување тешки телесни повреди, но беше ослободен од обвинението за убиство од небрежност и осуден на четири години затвор.

Мајката на Мајкл, Мери Пауер, со солзи му оддаде почит на својот син. Таа рече дека Мајкл не е само нејзино дете, туку и нејзин најдобар пријател, опишувајќи го како љубезен, сочувствителен и многу уникатен, и дека го разубавил нејзиниот свет во моментот кога влегол во него.

- Дел од мене почина. Ништо не може да ве подготви за загубата на дете. Дел од мене умре, дел од мене никогаш нема да го вратам - рече мајката на актерот, Мери.

Сестрата на Мајкл рече дека „големиот сон и големата амбиција“ на нејзиниот брат била да стане актер, бидејќи веќе се појавил во филмовите „Hollyhos“ и „Emmerdale“.

Таа додаде дека неговиот живот бил „непотребно прекинат, а иднината полна со соништа останала недовршена“.

Судот слушна дека Мајкл и Бакстер биле дел од заедница на луѓе кои уживаат во кинки секс или БДСМ (ропство и дисциплина; доминација и потчинување; и садизам и мазохизам). Тие разговарале за можноста за врска и утврдиле дека двајцата бараат поекстремно искуство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk