logo
logo
logo

Повторно ограбен домот на холивудскиот актер Киану Ривс

Vecer | 09.12.2023

Повторно ограбен домот на холивудскиот актер Киану Ривс

Познатиот актер Кијану Ривс повторно бил мета на провалници, поточно неговата куќа.

Според полициски извор крадците со скијачки маски на главата упаднале во неговиот дом и избегале од местото пред да пристигнат полицајците.

Како што пренесуваат странските медиуми, полицијата во Лос Анџелес одговорила на анонимен повик за можен сторител, но кога пристигнала на местото на настанот и извршила пребарување, не нашла никого.

Полицијата повторно се вратила околу 1 часот по полноќ кога се огласил алармот на имотот на актерот, но овој пат полицајците истакнале дека на безбедносните камери биле видени повеќе мажи со скијачки маски на главите како кршат прозорец и влегувале во домот на Кијану Ривс.

Според извори на „ТМЗ“, крадците од куќата на холивудскиот актер украле оружје пред да побегнат, не е јасно дали одзеле нешто друго, но Кијану во тој момент не бил дома.

Детективите истражуваа дали има повеќе индиции во видео снимките од домот и околината, исто така една работа што конкретно ја разгледуваа е дали првиот повик во полиција бил упатен од некој што извршил увид во домот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk