Откако Елен Деџенерис, чија кариера беше неповратно уништена откако се појавија деталите за нејзиното агресивно однесување на снимањето на „Шоуто на Елен Деџенерис“, следен беше нападнат Џими Фалон.
Комичарот и водител, чиешто шоу „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ се смета за едно од најпопуларните ток-шоуа во САД, е мета на критики откако „Rolling Stone“ објави долг извештај за неговото „непримерно“ однесување на сет.
Во текстот на споменатиот медиум, повеќе од 50 поранешни и моментално вработени работници го обвинија водителот дека луто се однесувал на снимањето, како и дека често доаѓа на работа мамурно.
Многумина од нив истакнаа дека поради односот на Фелон кон нив, нагло им се влошило менталното здравје.

Коментирајќи дека им било сон да работат на ова шоу, заклучиле дека поради однесувањето на Џими Фалон следувал „ладен туш“.
Во меѓувреме се огласи и самиот Џими и им се извини на сите.
"Извини ако ве засрамив. Никогаш немав намера да создадам таква атмосфера на сетот. Работам со најдобрите од најдобрите", рекол Фалон, според Deadline.
Попатно призна и дека во минатото правел „срамни“ работи.
„Сакам ова шоу да биде забавно, да биде инклузивно за сите, да биде смешно, да биде најдоброто шоу, со најдобрите луѓе. Сакав само... да кажам дека ми недостигате“, заклучи тој.
Фото: Инстаграм принтскрин
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата