logo
logo
logo

Потресна исповед на актерката хејден панетијер за Владимир Кличко!

Vecer | 04.10.2022

Потресна исповед на актерката хејден панетијер за Владимир Кличко!

Нивната љубов доживеа крај, а актерката сега изнесува шокантни тврдења во врска со борбата за старателството.

Актерката Хејден Панетијер го обвинува некогашниот трофеен боксер дека не ѝ дал избор при потпишувањето на старателството над нивната ќерка Каја, која сега има 7 г.

Во најавата за интервјуто во емисијата „Red Table Talk“ може да се види сегмент во кој ѕвездата на Нешвил (33) зборува како нејзиниот поранешен партнер буквално ја принудил да се откаже од старателството над детето откако нивната љубов завршила. Таа отворено проговори и за борбата со постпородилната депресија, за време на која, како што признава, станала зависна од лекови. Според нејзините тврдења, ваквата ситуација ја искористил и Кличко, кој ѝ предложил детето да биде со него поради ситуацијата низ која поминува.

Актерката ги потпишала документите во кои старателството над ќерката Каја му го дава на Кличко, верувајќи дека откако ќе се среди емотивно и психички ќе може да си го врати детето. Како што истакна, нејзиниот поранешен сопруг, практично ја принудил на тоа искористувајќи ја нејзината  нестабилна состојба.

Од избувнувањето на војната во Украина, земјата не е безбедна и актерката е дополнително потресена поради грижата за своето дете, имајќи предвид дека и Владимир и Виталиј Кличко се воено активни. Хејден на почетокот на војната на социјалните мрежи објави дека нејзината ќерка е безбедна и дека повеќе не е во Украина, но не се знае ништо за понатамошниот живот на девојчето.

Во контроверзната исповед на актерката таа вели дека нејзините соработници по породувањето ѝ давале апчиња за подобрување на расположението за да изгледа посреќно во јавноста. Хејли говореше и за несреќата што ја имала по породувањето. Многумина тогаш ја осудија и велеа дека била под дејство на алкохол и опијати, меѓутоа, таа го демантираше тоа.

- Од жена која се лечеше од постпородилна депресија, станав алкохоличар. Луѓето ме гледаа поинаку, веќе немаа емпатија кон мене. Никој не ми веруваше што и да кажев, тоа беше навистина понижувачки и болно. Се чувствував беспомошно, само сакав да се свиткам во аголот од собата и да плачам. Не можам да кажам дека денес сум целосно излечена, но со секој нов ден одам чекор по чекор. Ќе бидам добро, не сакам повторно да се сеќавам на периодот кој е зад мене - заклучува актерката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk