logo
logo
logo

ПОСЛЕДНИ СЦЕНИ ОД „СЕКСOT И ГРАДОТ“: Дали Кeри и Мр Биг повторно праќаат порака дека токсичната љубов треба да биде вечна (Видео)

Vecer | 20.11.2021

ПОСЛЕДНИ СЦЕНИ ОД „СЕКСOT И ГРАДОТ“: Дали Кeри и Мр Биг повторно праќаат порака дека токсичната љубов треба да биде вечна (Видео)

На радост на милиони симпатизери, неодамна излезе официјалниот трејлер од продолжението на „Сексот и градот“ под назив „And Just Like That“, кој без разлика на сите критики и шпекулации направи да чувствуваме пеперутки во стомакот во пресрет на премиерното прикажување на 9 декември.

Неколку дена порано снимени се последните кадри од серијата, иако се мислеше дека славниот филмски пар се разделил, се чини дека Кери и Ѕверка немаат намера да се разделат и покрај многубројните предизвици.

Да потсетиме дека фотографиите од снимањето јасно покажуваат дека ликот Кери Бредшо има афера со нов лик...

Сепак, Кери и Ѕверка повторно се фатени во среќна прегратака, за време на снимањето на последните сцени во Њујорк. Тие се смеат, се држат за раце и бакнуваат, како да нема пречка, од неверства и лузни од минатото. Дали значи дека оваа серија повторно ќе прати порака дека токсичната љубов треба да биде вечна. Секако, вистинската љубов подразбира трпение, жртвување, патење...

Веројатно, поради тоа и самата Сара Џесика Паркер изјавила дека сценариото “не е баш феминистички“, заборавајќи дека серијата не се снима во околности кои ја одразуваат состојбата на умот од 2000, туку 2021 година, и продолжува да дава лош пример на новите генерации – за оној поради кој градевме погрешно уверување за љубовта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HBO Adria (@hbo.adria)

Поради тоа ако ги гледате последните кадри со топлина околу срцето, сепак ќе се потсетите што (не) е љубов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk