logo
logo
logo

После Мајли Сајрус и Ким Кардашијан како ЛЕПА БРЕНА

Vecer | 04.07.2022

После Мајли Сајрус и Ким Кардашијан како ЛЕПА БРЕНА

Многу забавно и интересно. Денеска е тешко да се биде оригинален, коментира Лепа Брена (61) за Kurir  откако најпознатата старлета Ким Кардашијан ја најави новата колекција на костими за капење.

Кројот е во стилот на 80-тите, а на фотографијата која Ким  ја објави изгледа исто како Брена пред четири децении. Станува збор за ретро модели кои се неверојатно слични на оние што ги носеше пејачката на почетокот на кариерата.

Ким има и сини сенки на очите, а Брена така се шминкаше. Таа има и перика со плетенка, а таа фризура ја имаше и Брена што може да се види во спотот за песната „Робиња“.

- Што и да се појави, веќе е видено, без разлика дали се работи за мода, ликови од шоубизот... Тоа што се создаваше од 60-тите до 90-тите се епохални работи. Само технологијата сè уште може да не изненади, се друго е веќе видено, но мило ми е што Ким сепак знае што е добро – изјави Брена за Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk