logo
logo
logo

Поротник на судењето на Деп и Херд: Нејзините крокодилски солзи...Ни беше непријатно (ВИДЕО)

Vecer | 19.06.2022

Поротник на судењето на Деп и Херд: Нејзините крокодилски солзи...Ни беше непријатно (ВИДЕО)

Изјавата ја даде еден од петте машки членови на седумчлената порота кој зборувал анонимно на „Добро утро Америка“.

„Плачењето, изразите на лицето, зјапањето во поротата... Сите бевме многу засрамени. Таа одговараше на едно прашање и плачеше, а две секунди подоцна ќе станеше ледена. Некои од нас го користеа терминот „крокодилски солзи“. “, рече поротникот.

За споредба, вели тој, Деп изгледал помирно и поубедливо.

„Тој само изгледаше малку пореално во однос на тоа како одговараше на прашањата. Неговата емоционална состојба цело време беше многу стабилна“, објаснил поротникот.

Поротникот рече дека верува дека парот се малтретирал, но дека Херд нема доволно докази за да ги потврди нејзините наводи за физичко малтретирање.

„Приказните на Амбер не се поклопија и повеќето од поротата сметаа дека таа е агресорот“, рече тој, додавајќи дека нејзиниот кредибилитет бил поткопан од откритието дека таа не донирала 7 милиони долари во добротворни цели, како што рече.

Тој исто така забележува дека поротата не можела да ги избегне вестите и објавите на социјалните мрежи за судењето, но дека избегнувале да ги гледаат.

„Ги следевме доказите“, заклучил поротникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk