„Не ни знаев за тоа“, изјавил тој за TMZ. Потоа му објасниле дека Меган на мобилниот на бившиот партнер наоѓала пораки со други жени и затоа му раскинала. "Колку години има? Тој има 30-тина, нели? Имаш 30-тина, порасни. Бремена е", рече тој, видно вознемирен.
Брајан ѝ испрати поддршка на својата поранешна сопруга, со која беше во брак од 2010 до 2021 година и со која има три деца - Ноа (10), Боди (9) и Џорни (6). "Јас само го сакам најдоброто за неа. Сакам најдобро за бебето. Сакам најдобро за нашите деца. Срамота е", додал актерот. Тој исто така рече дека му е „скршено срцето“ од нивното раскинување бидејќи знаел дека Меган е многу возбудена поради бебето.
Тој нагласи дека не знае што точно се случило меѓу Меган и Машин Ган Кели, но дека околностите биле „трагични“.
За потсетување, извор близок на актерката претходно изјави дека се посомневала и решила да го провери мобилниот телефон на Машин Ган Кели. Нашла пораки со други жени и решила да ја прекине врската. Таа секогаш имала, вели изворот, проблеми со довербата поради неговото однесување во минатото.
По нивното раскинување, на социјалните мрежи почнаа да кружат гласини дека Меган е во врска со нејзиниот колега од Subservience, Мишел Мороне (34). Гласините за нивната љубовна врска се појавија откако на интернет се проширија снимки од снимањето на нивниот филм, а во некои сцени, како што пишуваат нивните обожаватели, делуваа прилично блиски.
honestly if megan fox dumped mgk for this fine man i would not blame her AT ALLLLL pic.twitter.com/QPC3xkA1Na
— mira⚡️ (@miraonthemic) December 9, 2024
Славниот Италијанец набрзо проговори и ги демантираше гласините, а неговиот тим испрати јасна порака дека меѓу нив нема ништо повеќе од пријателство. "Сите шпекулации, освен деловното пријателство, едноставно се невистинити. Тие снимија филм заедно пред една година. Микеле моментално е во Италија каде снима уште еден проект", изјави неговиот тим за Е! вести.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата