logo
logo
logo

Поранешната сопруга на Чарли Шин, ја охрабрува ќерката за OnlyFans: „Ниту нејзиниот татко не може да и суди“

Vecer | 19.06.2022

Поранешната сопруга на Чарли Шин, ја охрабрува ќерката за OnlyFans: „Ниту нејзиниот татко не може да и суди“

Дениз Ричардс, американска актерка и секс симбол од 90-тите, се огласи откако нејзиниот поранешен сопруг Чарли Шин го нападна затоа што нивната најстара ќерка се приклучила на сајт за возрасни.

Чарли, потсетуваме, изјави дека не го одобрува потегот на неговата 18-годишна ќерка Сами, која живее со нејзината мајка, нагласувајќи дека такво нешто немаше да се случи доколку таа беше „под неговиот покрив“.

Сега се огласи и Дениз со објава на својот Инстаграм дека како некоја која позирала за Плејбој и играла улога во филмот „Wild Things“, не може да ѝ суди на ќерката, а тоа не би требало да го прави ниту нејзиниот татко.

Има многу негативни коментари на моите профили.Морам да признаам, посакувам да ја имав самодовербата на мојата 18-годишна ќерка. Едноставно не можам да ја осудувам, а не може ниту нејзиниот татко. И можноста да ја игнорирам силната негативност на нејзини години? Поминаа години, а понекогаш се уште се борам со тоа“, напишала американската актерка.

Актерката, како што тврди, само во последните месеци „научила“ што е OnlyFans, а како што вели, не гледа разлика помеѓу објавување фотографии во бикини овде или на некоја друга социјална мрежа.

"Сите го направивме тоа. Толку ли е лошо да се заработи? Можеби треба и јас да отворам мој профил", рекла актерката.

Инаку, Сами, која во март наполни 18 години, го најави својот „деловен потфат“ на OnlyFans на својот Инстаграм профил.

Со фотографијата на која позира во костим за капење, таа на своите следбеници им вети дека ќе објавува нови содржини 2-3 пати неделно, а подолу коментар оставила и нејзината мајка.

"Сами, секогаш ќе те поддржувам и ќе ти го чувам грбот. Те сакам", напишала актерката

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen (@samisheen)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk