logo
logo
logo

Поранешната манекенка изгледа ОДЛИЧНО на 56 години: „Сакам да уживам во стареењето па не користам ботокс“

Vecer | 02.08.2021

Поранешната манекенка изгледа ОДЛИЧНО на 56 години: „Сакам да уживам во стареењето па не користам ботокс“

Паулина Поризкова (56) ги полнеше насловните страници на сите модни списанија во 80 -тите години. Поранешниот супермодел веќе не го прави тоа денес, но со задоволство ги објавува своите фотографии на Инстаграм и тврди дека ја отфрла културата на стареење која вклучува ботокс, филери и креми против стареење.

Во искрен пост на Инстаграм, таа се осврна на притисокот со кој се соочуваат жените да изгледаат совршено како што стареат. Поризкова дури откри дека сака да ужива во стареењето во полн сјај, па затоа избегнуваше козметички инјекции како ботокс и филери.

- Знаете ли кој е единствениот начин да се запре стареењето? Умирањето - напиша Поризкова на Инстаграм и додаде дека „не сака да се бори против себе си секој ден до крајот на животот“.

- Но, сакам да го искористам најдоброто што го добив - заврши Порзикова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk