logo
logo
logo

Поповиќ реши да ја разоткрие Северина: И ПЛАЌАВ по 50 000 евра месечно!

Vecer | 20.10.2021

Поповиќ реши да ја разоткрие Северина: И ПЛАЌАВ по 50 000 евра месечно!

Во интервју за српската Хепи телевизија поранешниот партнер на Северина, бизнисменот Милан Поповиќ решил конечно да ги отвори картиte и да ја открие вистината за односот со пејачката. Поповиќ рекол дека со години се бори само за едно - а тоа е на синот Александар да му обзебеди безгрижно и нормално детство.

Во својата ТВ-исповед Поповиќ рекол дека Северина има две лица - едно за јавноста, она милото, и едно кое го покажува пред ретки, а тоа е кога ја обзема бес и хистерија.

Поповиќ признал дека во повеќе наврати се обидувал на цивилизиран начин да разговара со пејачката за да најдат заедничко решение кое е најдобро за нивното дете, но дека тоа никогаш не било возможно. Дури вели и дека кога забележал дека се однесува чудно се посомневал оти користи недозволени супстанци, и бил подготвен како човек да и помогне, но таа го одбила тоа.

- Мојот предлог секогаш беше Северина ти работи си ја твојата работа, а синот дозволи да биде кај мене, јас го имам сето време на овој свет. Кога има време нека дојде и нека го земе, тоа се уште е предлог. Имам докази дека таа не се бавела со детето, дека е грижлива мајка тоа е приказна за медиуми, дека јас и се одмаздувам. Се уште го кажува тоа, зборува за инает и љубомора. За мене таа емотивна врска беше готова после шест месеци. Три месеци имавме врска, а останатите три поминаа во несогласувања, да не речам кавги. Заминував кога доаѓаше до хистерии и обиди за кавга. На тие огромни осцилации во расположението, кои можеби се поврзани со зависност од нешто, не знам. И повеќе од сигурен сум, кога барав да се тестираме за да имаме повеќе доверба еден во друг, на дрога, да, одби. Изби кавга, дека јас тоа не смеам да го барам од неа, на крајот разговарајќи со стручњаци сфатив дека тоа е главната причина за тие нејзини осцилации, со кои не сакав да се носам, рекол Поповиќ.

Поранешниот партнер на пејачката открил и дека таа синот не го носела на училиште 46 дена и дека малку недостасувало детето да го повторува одделението.

- Нашата врска траеше три месеци и тие беа преубави, но после сфатив дека биле огромен напор за неа, дека таа совршено глумела во тие месеци. Во смисла дека не е онаа за која се претставуваше. Има две Северини, една е оваа која ја гледате, и оваа другата која никој не ја гледа. Кај неа промените се екстремни, додал Милан и открил дека Игор повеќе го чувал нивниот син од Северина.

- Јас спорам дека Северина е грижлива мајка. Тврдам дека го занемаруваше детето, дека не поминуваше време со него, не го носеше во училипте. Со детето беа разни лица. Игор Којиќ и јас не сме имале можност да разговараме, сме се виделе еднаш или два пати. Но додека тој и беше партнер, водеше сметка за него. Александар го сакаше и сега ме прашува кога ќе дојде Игор, и јас сум му благодарен, секако подобро е тоа што тој бил со детето, отколку да не го нарекувам нејзиното опкружување со погрдни имиња, рекол Милан.

Зборувал и за тоа дека на почетокот и давал огромни суми, а проблемите почнале кога месечно почнал да и дава само по 10 000 евра. Од него, вели, барала да се откаже од синот, а кога одбил покренала судски спор. Односите им се смениле кога открил дека и дава пари што таа ги барала од него. Компензирал затоа што не работела.

- Во еден момент ја прашав ’Ако одиш по таа логика во регионов имаш можеби 3,4,5 луѓе кои се потенцијални кандидати со кои можеш да имаш дете, дали е така? Кој нормален човек може да и плаќа 30 000, 40 000, 50 000 евра месечно? Бараше да и компензирам додека е трудна. Емотивно завршивме, но решив да останам крај неа како татко на детето. Кога престана да работи, не знам во кој месец од бременоста беше тоа, морав секој месец да и плаќам, зашто сакав, а кога престанав тргнаа уцените. Од мене бараше да се откажам од детето уште за време на бременоста. Зошто? И понудив да бидам тука, да ја поддржувам материјално, дека се што и треба нејзе, на детето поддржувам, но да поминувам исто време, не, таа не сакаше да се согласи, сакаше само да се отажам од детето, и реков дека нема да го сторам тоа, и по три дена покрена судски спор, рекол Милан и додал дека нему му било важно само детето.

Во интервјуто Поповиќ зборувал и за тоа дека е невозможно да се зборува со неа, и дека се што јавноста чита, односно за се што таа тврди дека и правел, всушност таа му го правела нему.

- Она што го читате како нејзина изјава, тоа е токму она за што таа ме обвинува и што таа прави, рекол Милан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk