logo
logo
logo

Полицаец е обвинет за убиството на австралиски ТВ водител, телото не е најдено

Vecer | 23.02.2024

Полицаец е обвинет за убиството на австралиски ТВ водител, телото не е најдено

Обвинителите тврдат дека Ламар (28) ги застрелал Џеси Берд и Лук Дејвис со неговиот полициски пиштол во домот на Берд во Падингтон, предградие на Сиднеј, објави Гардијан.

Тој се појавил денеска пред судот откако се предал на полицијата во Нов Јужен Велс. Судењето е закажано за 23 април.

Според судските документи, Брад и Дејвис наводно биле застрелани од Ламар во Падингтон, во југоисточниот дел на Сиднеј, помеѓу 12.01 и 5.30 часот во понеделникот.

Тој ги застрелал само неколку часа откако последен пат биле видени живи на забава пред Марди Грас, пишуваат медиумите.

Инаку, нивните лични работи биле пронајдени во средата во канта за отпадоци во предградието на градот. Досега не се пронајдени телата.

Полицаецот обвинет за две убиства, инаку, е поранешен блогер кого го нарекуваат „бркач на познати личности“, бидејќи има бројни фотографии со светски ѕвезди со кои застанал да се фотографира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk