logo
logo
logo

Почина Владо Правдиќ, поранешниот клавијатурист на „Бијело Дугме“

Vecer | 05.12.2023

Почина Владо Правдиќ, поранешниот клавијатурист на „Бијело Дугме“

Владо починал во пресрет на својот 74-ти роденден кој требаше да го прослави на 6 декември, а последните месеци се бореше со тешка болест.

Владо е роден во Сараево, а на шестгодишна возраст почнал да учи да свири пијано. По завршувањето на средното музичко училиште студирал физика, која ја завршил.

Неговиот прв сериозен музички ангажман беше со „Амбасадори“ со кои свиреше седум месеци. Тој потоа се приклучи на Индекси во пролетта 1971 година, заменувајќи го Ранко Рихтман кој ја напушти групата.

Владо Правдиќ беше во составот на Индекси до 1973 година, кога се пресели во групата Јутро, како што тогаш се нарекуваше идната група Бијело дугме. Правдиќ свиреше на првите два албума на Бијело Дугме.

По турнејата во 1987 година, Владо Правдиќ го напушти Бијело Дугме и се повлече од музиката, но со групата настапуваше уште неколку пати на големи концерти. Со години живеел во Америка, но последниве години живеел во Сплит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk