Откриено е дека причината за смртта на Џон Амос е конгестивна срцева слабост.Уверението за смртта добиено од TMZ откри детали за смртта на актерот.
Се вели дека ѕвездата била кремирана пред повеќе од еден месец.
Во изјавата се наведува дека Амос починал на 21 август во 17:18 часот во болница во Инглвуд. Според документот, Амос бил кремиран на 30 август.
- Со искрена тага ве известувам дека татко ми почина - објави неговиот син Кели Кристофер Амос, додавајќи дека неговиот татко бил „најљубезниот човек кој имал златно срце, сакан во целиот свет“.
- Многу обожаватели го сметаат за свој ТВ татко. Тој живееше добар живот. Неговото наследство ќе живее во неговите извонредни дела на телевизија и филм како актер - рече тој.
Патем, неговиот син, Кели Кристофер Амос - познат и како „Кеј Си - е наведен како „информатор“, тој што на округот му кажал дека татко му починал.
Ќерката на Амос, Шенон, на социјалните мрежи изјави дека дознала за смртта на нејзиниот татко „преку медиумите“ - 45 дена по неговата смрт. Доаѓа во време на расправија меѓу Шенон и Кеј Си поради грижата за неговиот татко во неговата последна година. Таа го обвинила нејзиниот брат за малтретирање на постариот татко и наведе декА Кеј Си ги занемарил медицинските потреби на неговиот татко, погрешно управувал со неговите финансии, го имитирал нивниот татко во комуникација и „го користеле и нагризувале неговото наследство“, пишува „Холивуд репортер“. Тој ги негирал тврдењата.
Претходно оваа година, ЛАПД ја затвори истрагата за тврдењата дека синот на Амос го малтретирал.
Службите за заштита на возрасни ги упатиле наводите на Шенон до ЛАПД, кои открија дека здравјето на 84-годишниот актер номиниран за Еми „не е ништо сериозно и сѐ е во ред“.
Џон ги доби Шенон и син му за време на неговиот децениски брак со неговата покојна поранешна сопруга Ноела „Нони“ Микелсон. На социјалните мрежи бројни познати колеги се простуваат од починатиот актер, а меѓу нив е и актерот Мартин Лоренс.
- Оваа вест навистина ме погоди. Сочувствувам со семејството на оваа вистинска легенда – изјави Лоренс.
Амос беше пионер во телевизиските серии и е најпознат по неговите улоги во „Добри времиња“ и „Корени“, како и неговата улога во филмската франшиза „Принцот ја открива Америка“. Џон се одлучил за актерска работа по краткотрајните епизоди во американските фудбалски клубови Денвер Бронкос и Канзас Сити Чифс. Неговата актерска кариера тргна нагоре по улогата на метеоролог во „Шоуто на Мери Тајлер Мур“. Токму поради овие улоги тој засекогаш ќе остане запаметен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата