logo
logo
logo

По три месеци од раѓањето на нивниот син, Ал Пачино раскина со 54 години помладата партнерка

Vecer | 07.09.2023

По три месеци од раѓањето на нивниот син, Ал Пачино раскина со 54 години помладата партнерка

The Blast ги доби правните документи во кои Нур бара целосно старателство над нивниот син, додавајќи дека сака актерот да има право на посета.

Потсетуваме, поранешната двојка беше во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година. Во мај оваа година, портпаролот на актерот потврди дека Пачино и Нур го очекуваат своето прво заедничко дете. Странските медиуми тогаш пишуваа дека Пачино бил изненаден од нејзината бременост, па Нур направила ДНК тест кој потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.

Нејзината последна позната врска завршила во 2017 година со Мик Џегер, а претходно беше поврзана со Клинт Иствуд. Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk