Во нејзиниот нов документарец „Крајот на една ера“, таа откри дека им дала бонуси во вкупен износ од 197 милиони долари (168 милиони евра).
Им пишувала писма и им давала бонуси
Потегот се случил по завршувањето на турнејата во декември 2024 година и вклучувал сè, од продукцискиот тим и асистентите до танчерите, музичарите и техничарите. Заедно со паричните бонуси, Свифт подготвила и лично напишани писма за благодарност до секој член на тимот, што предизвикало бројни емотивни реакции снимени во новиот документарец.
„Давањето бонуси е многу важно, бидејќи за мене е важно да поставам стандард со турнејата „Ерас“. Луѓето кои работат на турнејата, ако турнејата заработува повеќе, добиваат поголем бонус“, рече пејачката додека подготвуваше писма за својот тим.
Сите во тимот беа пресреќни
Иако индивидуалните износи на бонусите не беа откриени, документарецот ги снимил нивните искрени реакции. Продукцискиот асистент Макс Холмс беше толку шокиран што кога го отвори пликот, едвај можеше да проговори: „Еве го тоа, мислам дека ќе се онесвестам.“
Пејачката лично ги предаде бонусите на својот сценски тим. Танчерката Камерон Сондерс ја прочита гласно трогателната порака: „Драга Кам, патувавме низ светот како што беше планирано. Ја воодушевивме публиката, но бевме и далеку од семејството.“ Многумина плачеа од радост, а Свифт ги прегрна членовите на тимот, покажувајќи колку ја цени нивната посветеност.
Турнеја што ги сруши сите рекорди
Турнејата „Ерас“ ги сруши сите рекорди. Тејлор Свифт одржа 149 концерти во 53 градови на пет континенти. Според „Њујорк тајмс“, турнејата генерираше 2,077 милијарди долари приходи само од продажба на билети, со проценети дополнителни 400 милиони долари дополнителна продажба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата