logo
logo
logo

По 42 години СЕ РАЗВЕДУВААТ ЛАЗАР И ДАНИЦА РИСТОВСКИ, а еве како започна нивната љубовна приказна

Vecer | 14.02.2022

По 42 години СЕ РАЗВЕДУВААТ ЛАЗАР И ДАНИЦА РИСТОВСКИ, а еве како започна нивната љубовна приказна

Актерскиот пар Даница и Лазар Ристовски потврдија дека се разведуваат по 42 години брак.

Оваа вест шокираше многумина, бидејќи важеа за еден од најскладните парови чија љубовна приказна започнала во студентските денови.

„Се запознавме на Академија. Тоа беше љубов од училиште. Вистина е дека има голема листа на актерски брачни парови, но мислам дека тој процент е многу помал од, да речеме, во светот на лекарите. Иако на некој начин тие се и актери лекари. За душа“, изјави еднаш за медиумите Лазар Ристовски.

Даница и Лазар се венчале во 1980 година, а нивниот брак никогаш не бил во искушение.

Како што пишуваше, меѓу другото, затоа што на почетокот се договориле тој да снима љубовни сцени, а таа не.

Во бракот добија два сина, Петар, кој е филмски продуцент и режисер, и Јован, кој дипломирал економија. Постариот син е во брак со актерката Теодора Ристовски, додека помладиот Јован и неговата сопруга Љиљана минатиот септември добија наследник Богдан.

Лазар во интервјуата на шега можеше да каже дека често сака да се одмора во машко друштво, со синовите Јован и Петар, со кои ја дели страста за омиленото хоби, едрењето.

Даница не криеше дека кога го запознала Лазар на ФДУ во првата година од студиите, се заљубила во неговиот шарм и убавина.

„Не постои универзален рецепт за зачувување на бракот бидејќи се работи за луѓе со различен карактер. Почитта и љубовта се важни“, истакна во една прилика Даница.

Веста за нивниот развод ја потврди самиот Лазар.

„Не се разотидовме поради друга жена или друг маж“, изјави Лазар за магазинот „Глорија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk