Актерот Хју Џекмен се разведува од сопругата Дебора Ли Фернес. Славниот пар реши да стави крај на бракот по 30 години љубов.

„Скоро три децении бевме благословени со прекрасен брак со љубов. Нашето заедничко патување сега завршува, а решивме да се разделиме и да продолжиме сами“, рече парот во изјавата за „People“.
Холивудската ѕвезда во заедничко соопштение со сопругата воедно истакнаа:

„Нашето семејство било и секогаш ќе биде приоритет во сè. На следното поглавје пристапуваме со благодарност и љубов“, велат тие и побарале приватност во овој момент. Како што истакнаа и двајцата, ова е прв и последен пат да се огласуваат на тема развод, пренесува Телеграф.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата