logo
logo
logo

Пирс Броснан ги воодушеви фановите: Ти си пример за сите мажи на овој свет (ФОТО)

Vecer | 06.09.2023

Пирс Броснан ги воодушеви фановите: Ти си пример за сите мажи на овој свет (ФОТО)

Брачната двојка позира во прегратка во ресторан, а ги усогласиле своите комбинации во сина боја. „Испраќаме љубов на сите“, напиша тој во описот на објавата.

„Оваа слика ме прави да се чувствувам среќен“, „Најдраг пар“, „Вие двајца сте реткост“, „Слатки сте“, „Изгледате одлично“, „И ние ви испраќаме љубов“, напишале неговите следбеници, а еден обожавател со коментар го украде центарот на вниманието и го потврди мислењето на многумина ширум светот.

„Вие сте пример за сите мажи на овој свет. Прекрасен е начинот на кој ја сакаш сопругата, начинот на кој ја покажуваш својата љубов кон целиот свет. Вашата сопруга е сакана и благодарение на таа љубов таа станува сѐ поубава и поубава. Ја направивте кралица! Господ да ве благослови“, напишал следбеникот.

Кили Шеј и Пирс се во брак 22 години и ја имаат една од најубавите љубовни приказни во светот на славните. Тие се запознале во 1994 година во едно кафуле во Мексико, а актерот тогаш минувал низ тежок период. Неговата прва сопруга Касандра Харис, со која беше во брак 11 години, почина три години претходно од рак на јајниците.

Актерот со Касандра го има синот Шон, а ги посвоил и нејзиниот син Кристофер и ќерката Шарлот. Броснан често нагласувал колку Кили му помогнала да помине низ тежок период и дека го спасила од депресија, а исто така нагласувал колку му помогнала кога неговата ќерка Шарлот починала од рак на јајниците во 2013 година на 42-годишна возраст, исто како нејзината мајка Касандра.

"Таа ја има таа сила во себе без која не би можел да живеам. Кога ќе ме погледне, целосно се разнежнувам. Да барав милион години, немаше да можам да најдам жена како Кили", изјави актерот во едно од интервјуата.

Актерот низ годините се соочувал и со медиумски напади врз сопругата бидејќи се здебелила, притоа нагласувајќи дека „не му треба никаков супермодел, туку вистинска жена“.

"Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ме гледа, тоа секогаш ме оттргнува и ме прави да се чувствувам слаб во колената", објаснил Пирс еднаш. Тој призна дека не само јавноста ја коментира фигурата на неговата сопруга, туку и нивните пријатели. Тој рече дека еднаш дури ѝ понудиле да и платат операција за намалување на килограмите, но тој бил категорично против тоа.

„Ја обожавам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што е мајка на нашите деца. Во минатото навистина ја сакав поради личноста каква што е, не само поради нејзината убавина, сега ја сакам уште повеќе како мајка на моите деца.Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, изјави актерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk