Имено, Пике основал група во која инфлуенсери и поранешни фудбалери играат фудбал наречена The Kings League, а за време на емисијата во која зборуваше за лигата, тој се осврна на песната на Шакира во која пејачката вели дека „заменил Rolex за Casio “.
„Имам голема најава. Касио ни подари часовници. Имаме договор со Касио, тие ја спонзорираат оваа лига“, изјави Пике додека останатите во студиото гласно се смееја.
„Се шегуваш“, додаде еден од гостите.
„Не, не, сериозен сум, ги испратија сите по еден час“, рекол фудбалерот.
„Зошто се приклучи Касио? праша еден од учесниците.
„Поради песната на Шакира“, веднаш одговори Серхио Агуеро, пензиониран аргентински фудбалер кој се јави преку видео, а сите уште посилно се насмеаа.
@flufffyduck el presidente 😂😂 #shakira #pique #bizarrap #kingsleague #ibai #barcelona #fyp #foryou ♬ original sound - ISVA
Потсетуваме, новата песна на Шакира за само еден ден беше преслушана 63 милиони пати, со што го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб, а со оваа песна пејачката се најде на листата на најслушани латино Американски уметници кои исто така соборија рекорди на YouTube, како Џеј Балвин, Луис Фонси и Деди Јенки.
„Ме остави како сосетка на мојата свекрва, со новинари на врата и долг во банка. Мислеше дека ќе ме повредиш, но ме направи уште посилна. Жените не плачат, жените плаќаат“, е текстот на новата песна на Шакира упатен до Пике.
Со песната Шакира му испрати јасна порака на бившиот сопруг, кој наводно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чиа: „Бејби, ти посакувам сѐ најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио...“
Да потсетиме, Пике реагираше на новата песна на Шакира на Твитер, а на неговата мајка ѝ се допадна песната во која пејачката го клевети нејзиниот син.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата