Имено, разводот со актерот Бен Афлек сериозно ја потресе, но 2025 година започна добро бидејќи филмот „Unstoppable“ е апсолутен хит.
Филмот, во кој мегапопуларната Џеј -Ло ја игра главната улога, веќе е најгледаниот од сите што беа лансирани преку стриминг сервисот „Amazon Prime Video“.
– Им благодарам на сите што гледавте, особено на моите неверојатни обожаватели – порача Лопез на Инстаграм.
Инаку, „Unstoppable“ ја раскажува вистинската приказна за борач кој е роден со една нога и го освои шампионатот во 2011 година. Џенифер Лопез во овој филм го толкува ликот на мајката на борачот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата