logo
logo
logo

Пијат сопствена урина, не се гледаат во огледало, се мачкаат со измет - Чудни навики на познатите

Vecer | 25.10.2021

Пијат сопствена урина, не се гледаат во огледало, се мачкаат со измет - Чудни навики на познатите

Многу познати личности имаат чудни навики и опсесии од кои не можат да се ослободат со години. Додека некои се обидуваат да ги сокријат, други отворено зборуваат за тоа.

Меган Фокс има голем страв да користи прибор за јадење во рестораните. За неа е незамисливо да ги користи истите додатоци кои ги користеле којзнае колку луѓе. Од друга страна, нејзините пријатели се жалат дека актерката не пушта вода во тоалетот.

Еминем од мал сакал да спие во целосна темнина. Кога престојува во хотел, неговата соба мора да биде целосно затемнета бидејќи само така може да заспие.

Џенифер Анистон е позната како голема „пуристка“, но е и многу суеверна. Секогаш влегува во авион со десната нога.

Со Дејвид Бекам сè мора да биде во линија или во пар. Ако стави лименки за пиво во фрижидер, нивниот број мора да биде парен.

Кети Пери е опседната со дентална хигиена, па секогаш носи 20 четки за заби и ги мие забите 6 пати на ден. Исто така, не поднесува матни очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Камерон Дијаз страда од опсесивно-компулсивно нарушување. Таа толку ги исчистила рачките во нејзината куќа што на крајот целосно ја отстранила бојата од нив. Во спротивно, ја отвора вратата со лактите.

Бред Пит не користи сапун „бидејќи содржи многу токсини“.

Памела Андерсон никогаш не се гледа во огледало затоа што се плаши од својот одраз.

Кетрин Зета-Џонс ги четка забите со јагоди.

Том Круз користи „природен ботокс“ од измет од славеј. Тврди дека намазот што го става на лицето преку ноќ му го подмладува лицето и му дава природен изглед.

Пејачката Кејша изјавила дека со години ја пиела урината бидејќи мислела дека тоа и дава сила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Кристина Агилера не ги мие рацете по мокрење.

Џони Деп има чудна навика да не се пресоблекува. Понекогаш е во иста облека со недели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk