logo
logo
logo

Петта среќа - легендарниот музичар конечно ја најде вистинската жена

Vecer | 15.10.2021

Петта среќа - легендарниот музичар конечно ја најде вистинската жена

Легендарниот музичар Роџер Вотерс (78) и икона на Пинк Флојд, на социјалните мрежи им откри на своите обожаватели дека се оженил за партнерката Камила Чавис. Прославата се одржа во Њујорк, на неговиот имот вреден 16 милиони долари.

За Вотерс, ова е негов петти брак, а Камила ја запозна така што таа му беше официјален возач. Откако заврши целата церемонија, тој се огласи на својот официјален профил.

- Пресреќен сум! Конечно вистинската, жена која вреди да се чува - напиша Роџер со фотографии од венчавката.

Вотерс претходно беше во брак со Лори Дурнинг, Џуди Трим, Каролин Кристи и Присила Филипс, и се чини дека верува и во петтата среќа. Камила го привлече неговото внимание за време на концерт и од тој момент тој беше сигурен во својата одлука.

- Моето обезбедување седеше со неа напред и тие разговараа додека јас бев на задното седиште, но нешто во неа ме привлече. Еден ден ја прашав дали некој и рекол дека има прекрасни јагодични коски. Така започна се  - откри музичарот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk