Вељко Ражнатовиќ неодамна на социјалната мрежа Инстаграм жестоко ја испровоцирал трансродната пејачка Електра Елит.
Таа била гостинка во утринска тв програма и зборувала дека се залага за легализација на проституцијата, со која и самата се занимава.
“Како е ова сатанизам, Боже, помогни им, не знаат што прават“, напишал тој а потоа Инстаграм му ја тргнал објавата, бидејќи ја оцениле како “насилна и вознемирувачка“.
Електра сега одговорила на провокацијата на Вељко и рекла што мисли за неговата мајка, пејачката Цеца Ражнатовиќ.
- Јас многу ја почитувам работата на Цеца така и ќе остане. Мене не може да ме помести ни Вељко, нити некој како него. Мислење на момче кое има дваесет и нешто години, а при тоа и мојата ќерка има дваесет, неможат да ме допрат. Што се однесува до мене, може слободно да продолжи да ме плука“, рекла Електра за еден српски портал.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата