Ѕвездениот Холивуд е „пократок“ за уште еден брак.
Убавата актерка Џесика Алба и нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Кеш Ворен ставија точка на бракот – дознава американскиот интернет портал „TMZ“.
Двојката неодамна се раздели и поднесе барање за развод - по речиси 17 години брак. Тие се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).
TMZ ја објави оваа вест како ексклузивна, но не ја прецизираше причината што довела до колапс на бракот. Претставниците на ѕвездите не одговорија веднаш на бројните новинарски прашања на оваа тема, пренесува „ЦДМ“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата