logo
logo
logo

Пејачка ПРЕТЕПАЛА пијан гостин на свирка: ГО ФАТИВ ЗА ВРАТ И ГО ТРЕСНАВ ОД ЗЕМЈА!

Vecer | 20.09.2023

Пејачка ПРЕТЕПАЛА пијан гостин на свирка: ГО ФАТИВ ЗА ВРАТ И ГО ТРЕСНАВ ОД ЗЕМЈА!

Барбара Бобак пред нешто повеќе од три години стана дел од естрадната сцена во соседството и оттогаш нејзината кариера е на нагорна патека. Има се повеќе луѓе кои ја сакаат и почитуваат нејзината работа, а Бобак има се повеќе закажани настапи.

Но, неодамна изјави дека повеќе нема да пее на приватни забави, бидејќи не и се допаѓа енергијата на ваквите тезги. Пејачката гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“ откри досега непознати детали од една од свадбите на која пеела, кога претепала некултурен и пијан гостин.

На прашањето дали некогаш сакала физички да се пресмета со гостин на настап, Барбара изјавила дека оваа ситуација и се случила на приватна забава.

- На настапот имав физичка пресметка. Еден човек беше многу пијан на свадбата, тоа не беше настап, тоа беше свадба, работев свадба. Човекот беше многу пијан и почна да ми се внесува во лице и со рацете да мавта како да ќе ме дофати, постар беше, еднаш му реков да се тргне од патот, го известив и младоженецот, и кога истото се повтори по трет пат дека го фатив за врат и го треснав од земја. Потоа го изнесоа надвор и му објаснија некои работи, раскажала пејачката. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk