logo
logo
logo

Парамаунт го тужи Ворнер Брос поради договорот со Нетфликс

Vecer | 12.01.2026

Парамаунт го тужи Ворнер Брос поради договорот со Нетфликс

Парамаунт бара Ворнер Брос да објави дополнителни информации за акционерите да можат да донесат „информирана одлука“.

Според наводите во тужбата, Ворнер Брос не го објаснил соодветно начинот на кој ја проценува вредноста на кабелските ТВ канали што планира да ги издвои пред продажбата на студискиот и стриминг сегмент на Нетфликс.

Компанијата исто така сака да побара измени во статутот на Ворнер Брос за акционерите да имаат право посебно да се изјаснат за издвојувањето на кабелските канали, вклучувајќи ги CNN и TNT, пред склучувањето на зделката со Нетфликс.

Извршниот директор на Парамаунт, Дејвид Елисон, во писмо до управниот одбор на Ворнер Брос наведе дека ќе го оспори договорот со Нетфликс на редовното годишно собрание на акционери или на вонредна седница, доколку биде свикана за одобрување на спојувањето.

Парамаунт повтори дека останува на својата понуда од 30 долари по акција за Ворнер Брос, оценувајќи ја како поповолна од понудата на Нетфликс од 27,75 долари по акција, која се однесува само на студискиот и стриминг сегментот од работењето.

Американската продукциска куќа Нетфликс на почетокот на декември соопшти дека постигнала конечен договор со фирмата Ворнер Брос Дискавери, според кој ќе ги преземе филмското и ТВ студио Ворнер Брос, вклучувајќи ги HBO и HBO Max за 82,7 милијарди долари, од кои 72 милијарди долари се капитал.

Притоа, Ворнер Брос Дискавери уште во октомври ја одби понудата на Парамаунт за преземање вредна 108 милијарди долари, но Парамаунт не се помири со таа одлука и се обидува да го запре договорот со Нетфликс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk