logo
logo
logo

Папата ги собира холивудските ѕвезди во Ватикан: Објави кои се неговите четири омилени филмови (ВИДЕО)

Vecer | 12.11.2025

Папата ги собира холивудските ѕвезди во Ватикан: Објави кои се неговите четири омилени филмови (ВИДЕО)

Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав Четиринаесетти в сабота ќе пречека десетици актери и режисери на собир под назив „Светот на филмот“ во својата официјална резиденција, соопшти Ватикан.

Меѓу актерите чие присуство се очекува се Кејт Бланшет, Адам Скот, Крис Пајн, Виго Мортенсен, Елисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Џад Апатоу, Спајк Ли, Џорџ Милер и Гас Ван Сент, пренесува Њујорк Тајмс.

Весникот „Варајати“ вчера објави видео во кое папата Лав Четиринаесетти објави кои се неговите четири омилени филмови на сите времиња: „Прекрасен живот“ (1946) на Френк Капра, со Џими Стјуарт во главната улога, „Моите песни, моите соништа“ (1965) на Роберт Вајз, со Џули Ендрјус, „Обични луѓе“ (1980) на Роберт Редфорд, со Доналд Сатерленд и Мери Тајлер Мур, и „Животот е убав“ (1997) на Роберто Бенини.

- Во оваа година на јубилејот, папата Лав XIV изрази желба да го продлабочи дијалогот со светот на филмот, а особено со актерите и режисерите, истражувајќи ги можностите кои уметничката креативност ги нуди за мисијата на црквата и промоцијата на човечките вредности, се наведува во соопштението на Ватикан.

Јубилејот на Римокатоличката црква, традиција на покајание и прошка, почна во декември минатата година и ќе трае до почетокот на јануари 2026 година.

Овој посебен настан го организираат Одделот на црквата за култура и образование, заедно со Одделот за комуникации и Ватиканските музеи.

Папата Лав Четиринаесетти минатата недела во Ватикан се сретба со актерот Роберт Де Ниро, а во јуни го посети Ал Пачино.

Папата Франциск, кој почина во април 2024 година, беше домаќин на комичари од целиот свет. Меѓу присутните беа Конан О’Брајен, Вупи Голдберг, Тиг Нотаро, Стивен Колбер, Крис Рок и Џими Фалон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk