Легендарното дуо кое веќе 30 години постои на музичката сцена.
Роберт и Панки зборуваат за Макфест, стотиците настапи кои ги имале, бројот на тексас јакни кои ги поседува Роберт, тепачката со Унпрофорци на Панки, и многу други интересни приказни кои не смеете да ги пропуштите
„Ние белја не баравме, тие си ја бараа“, вели Панки за легендарната тепачка од 90-тите, кога во неговата кафеана се пресмета со пијани британски војници.
Пејачот на „Куку леле“ во „Еден на еден“ раскажува како дошло до пресметката во која „заиграле“ и сталаци од микрофони, а вмешана била и препарирана мечка.
Во новата епизода на популарното ток-шоу, која ќе се емитува во недела од 18.30 на Канал 5, Панки и Роберт Саздов зборуваат и за нивните 30 години на музичката сцена, чудните колекции, справувањето со животните трагедии…
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата