logo
logo
logo

Палестински оскаровец претепан од израелски доселеници на Западниот Брег

Vecer | 25.03.2025

Палестински оскаровец претепан од израелски доселеници на Западниот Брег

Според активистичката група Центар за ненасилство на Евреите (Center for Jewish Nonviolence), десетици доселеници го нападнале палестинското село Сусија во областа Масафер Јата, уништувајќи и имот. Тие го нападнале Балал - еден од четворицата режисери на документарецот филм, и го тепале додека не му пуштиле крв од главата, велат активистите.

Потоа, додека добивал медицинска помош во соба за итни случаи, израелски војници го уапсиле со уште еден Палестинец, се додава во соопштението. Не е познато каде Балал е однесен.

„Нема друга земја“ годинава доби „Оскар“ за најдобар документарец. Филмот ги прикажува напорите на населението во областа Масафер Јата да ја спречи израелската армија да ги уништи нивните села. Има четворица режисери. Балал и Базел Адра се Палестинци и жители на областа, а другите двајца се Израелци - Јувал Абрахам и Рејчел Зор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk