logo
logo
logo

Овој актер пред да стане славен, работел како градинар, а сега му се фрлаат под нозе! (видео)

Vecer | 10.12.2024

Овој актер пред да стане славен, работел како градинар, а сега му се фрлаат под нозе! (видео)

Микеле Мороне од 2020 г. година по објавувањето на серијалот „365 дена“ е едно од најпожелните лица на планетава!

Микеле Мороне (32), ѕвездата на серијата „365 дена“ е познат по својата убавина и харизма, по својот актерски и музички талент, а во меѓувреме стана заштитно лице на многу кампањи. Сепак, малкумина знаат дека Мороне водел исклучително обичен живот пред неговата светска слава која се случи во 2020 година.

Од 2014 до 2018 година, италијанскиот актер беше во брак со либанската дизајнерка Руба Садех, со која има два сина. По разводот, неговата сопруга и синовите се преселиле во Бејрут, додека тој работел како градинар во мало италијанско село за само 600 долари месечно.

Денес тој отворено зборува за предизвиците што ги надминал тогаш, вклучувајќи ја и депресијата предизвикана од разводот.

- Точно е дека работев како градинар. Бев токму на работа, кога добив покана за филмот „365 дена“. Бев толку зафатен со градинарството што го придржував телефонот со рамото, додека рацете ми беа зафатени. Кога слушнав дека ме разгледуваат за главната улога во филмот, помислив дека е шега, воопшто не ги сфатив сериозно. Дознав дека треба да појдам на кастинг во Лондон, но тогаш бев зафатен со работа, градинарството, па воопшто немав време да одам или да се занимавам со тоа. На крајот ми се јавија и ми рекоа да не доаѓам, виделе некои мои фотографии на Фејсбук или Инстаграм и решиле да ми ја доделат главната улога во филмот. Дури тогаш помислив дека тоа е „кул“ – се присетува Мороне.

Микеле е во двегодишна врска со Моара Сорио, 20-годишна девојка од Цирих, која работи како финансиски советник. Парот првпат беше виден заедно на крајот на 2022 година на еден божиќен базар во Цирих. Нивната врска не помина без контроверзии, бидејќи некои го обвинија актерот дека ја освоил Моара додека сè уште била малолетна, бидејќи тогаш наводно имала неполни 18 години.

И покрај коментарите, нивната љубов е очигледна, а Мороне сподели снимки на Инстаграм со емотивни натписи како: „Љубовта моја, моја засекогаш“.

Освен со актерството, Микеле се занимава и со музика. Објави два албума, а неговиот хит „Feel It“, познат од серијата „365 дена“ е прегледан повеќе од 76 милиони пати на Јутуб.

Популарноста на Мороне меѓу жените достигна незамисливи размери. Познат е инцидентот во септември 2022 година во Дизелдорф, додека тој присуствуваше на отворањето на луксузна продавница. Поради големиот налет на обожавателки, полицијата мораше да ја затвори улицата, а потоа и дел од градот.

@gma From the garden to the big screen! Did you know that actor @michelemorrone used to be a gardener before he was casted in the #365Days franchise? 🪴 #TheNext365Days #Netflix #MicheleMorrone ♬ original sound - Good Morning America

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk