logo
logo
logo

"Ова е премногу чудно": Милиони луѓе во шок од фотографиите на голата Бритни Спирс (ФОТО)

Vecer | 26.07.2021

"Ова е премногу чудно": Милиони луѓе во шок од фотографиите на голата Бритни Спирс (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс веќе подолго време е во центарот на вниманието на јавноста, обидувајќи се легално да се ослободи од старателството што го има нејзиниот татко врз неа.

Меѓутоа, деновиве таа е повторно „жешка“ тема, но поради топлес фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

Милиони луѓе се изненадени од оваа промена на објавување на социјалните мрежи на Бритни, и додека некои ѝ порачуваат дека се со неа, други ја советуваат да почека малку со вакви слободни фотографии и објави поради судењето што трае.

„Се плашам дека на суд ќе ги користат овие фотографии за да те прогласат за нестабилен, иако ова е само пример за телесна автономија“, „Што се случува?“, „Дали само мене тука нешто ми е сомнително?“, се само дел од коментарите.

Сепак, меѓу првите кои ѝ дадоа комплимент беше познатата богата наследничка Парис Хилтон, а потоа и бројни обожаватели, додека оние кои сметаат дека ваквото однесување не ѝ одговара, беа во помал број.

Бритни не престанува да изненадува со специфичното однесување на социјалните мрежи, особено откако изнесе страотни детали за долготрајната тортура што ја преживува, а провокативните танцувања, соопштенија и комбинации на облека станаа составен дел од нејзината презентација на Инстаграм.

Бритни објави уште една, многу попровокативна на која целосно ги открила голите гради, а брадавиците ги покрила со ѕвездички. Многумина овие фотографии ги поврзуваат со движењето што се покрена на социјалните мрежи |FreeBritny па фотографиите ги толкуваат како начин на кој пејачката сака да покаже дека сака слободно да живее и дека судот треба да го укине контроверзното старателство на нејзиниот татко.

Бритни истакнала пред судот дека отсекогаш се плашела од својот татко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk