Откако ја обвинија дека ги фотошопира фотографиите, Салма Хаек се појави без шминка (ФОТО)

„Се будам и бројам колку побелени влакна и брчки утрово ја „уништија“ забавата“, напишала 56-годишната актерка со фотографијата која собрала повеќе од 200.000 лајкови.
Во коментарите, фановите ѝ порачаа дека нема причина да се чувствува несигурно за нејзините години и ја опсипуваа со комплименти.
„Дали се шегуваш? Жено, ти си совршена“, „Никогаш не си била поубава“, „Убава внатре и надвор“ и „Салма, забавата допрва почнува“, се дел од коментарите на фановите.
Да потсетиме, обожавателите ја обвинија дека „не личи на себе“, откако објави фотографии на кои позира на балконот од хотелска соба во Кан и се подготвува за црвениот тепих.
„Не личи на себе“, „Мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Премногу ботокс или фотошоп?“, ѝ напишаа тогаш.