logo
logo
logo

ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ: Мирослав Илиќ се соочува со здравствени проблеми, лекарите не можат да ја откријат причината

Vecer | 29.11.2021

ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ: Мирослав Илиќ се соочува со здравствени проблеми, лекарите не можат да ја откријат причината

Здравјето на пејачот Мирослав Илиќ му било загрозено, а своевремено тој раскажал за медиумите дека не се чуствувал добро и дека лекарите немале решение за неговиот проблем. Имено, фолк пејачот има здравствени проблеми поради алергија, која го исцрпува.

- Веќе две години се борам со алергија и често не се чуствувам добро. Лекарите никако не успеваат да откријат на што сум алергичен. По сугестија на лекарите се подложив на сите неопходни анализи, но и понатаму не знаеме од што е предизвикана алергија и што треба да одбегнувам за да си олеснам себеси. Најтешко ми е кога доаѓа пролет, затоа што сум постојано на пат поради настапите, како и снимањата кои знаат да се оддолжат, рекол Илиќ.

Исто така, открил и дека одел на инфузија и бил доста оптимист кога биле во прашање прогнозите за неговата болест.

- Немам гушења кои се карактеристични за некои алергии, само носот ми се затвора. Кога алергиската реакција ќе ми се зголеми, дишењето ми е многу отжнато. Пред неколку дена ми беше толку лошто, морав да одам на клиника каде што примив инфузија, докторите дополнително ми дадоа некои коктели кои се добри за тоа. Не знам што е, живеам како што морам, па што биде нека биде, заклучил пејачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk