63-годишната оскаровка неодамна се врати на насловните страници по најавата за нејзиниот нов филм Lucky You, Leo Grande, во кој сними гола сцена. Софија Хајд, режисерката на филмот, изјави за People: „Ема не е имуна на културата со која сите сме бомбардирани, што ни кажува дека нашите тела никогаш нема да бидат доволно добри. Затоа, за да го помине овој момент целосно како Ненси, Ема мораше навистина да верува во таа идеја.Што тотално и успеа“.

Томпсон коментираше: „Мислам дека треба да ги прифатиме нашите тела – да не ги сакаме, не мора да ги сакаш – но мора да ги прифатиш за да доживееш нешто во нив“.

Значи, што направи оваа ѕвезда со текот на годините за да се чувствува удобно во сопствената кожа во нејзините 60-ти, особено во свет кој го гледа стареењето како негативна работа?

За Томпсон, една од најдобрите навики во исхраната што ги има во текот на годините е тоа што научила целосно да се откаже од модерните диети.

Во интервју за The Guardian во 2018 година, Ема Томпсон зборувала меѓу другото и на таа тема. Таа раскажала како диетите влијаеле врз неа во минатото и зошто ветила дека целосно ќе се откаже од диети.

„Диетите ми го збркаа метаболизмот и ми го збркаа умот“, вели Томпсон. „Цел живот се борев со таа мултимилионска индустрија, но би сакала да имав повеќе знаење пред да почнам да ги голтам нивните глупости. Жал ми е што некогаш ги следев тие трендови“.

Иако не зборува за типовите на диети кои ги следела, неодамна откри каква диета се држела пред неколку години кога успеала на здрав начин да ослабе.

Тоа е метод на урамнотежена исхрана без ограничувања за видот на храната и без каење. „Тоа не е ништо чудо, но мојот мрзлив задник се придвижи и ми помогна да ги задржам добрите навики“, рече Томпсон. „Ми се допаѓа тоа што не е диета и што е одржлива, па можам да пијам чаша вино одвреме-навреме и да уживам во неа“.