logo
logo
logo

ОДЛУЧИ: Прво огласување на Тошиќ после разводот со ЈК

Vecer | 06.07.2022

ОДЛУЧИ: Прво огласување на Тошиќ после разводот со ЈК

Јелена Карлеуша вчера ја известила јавноста дека се развела од Душко Тошиќ, додека Душко на оваа тема досега јавно се нема изјаснето.

Неговиот став е јасен и тој не сакал јавно да го коментира разводот, нити пораката на својата сега веќе бивша жена.

- Поздрав. Не давам изјава. Ви благодарам – рекол Тошиќ за “Блиц“ на прашање за разводот.

Да потсетиме, Карлеуша вчера се огласила на социјалната мрежа Инстаграм и ја известила јавноста дека нејзиниот сопруг и таа ставиле точка на бракот кој траел 14 години од кој тие двајца имаат две ќерки Атина и Ника.

- Душко и јас се договоривме споразумно да го завршим нашиот брак после 14 години. За жал Душко не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничко правните работи ќе бидат договорно решени во следниот период. Целиот брачен имот ќе биде препишан на нашите деца, старателството на нашите деца ќе припаднат на мене – стои во нејзината објава

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk