logo
logo
logo

Одложено е судењето на Жерар Депардје, обвинет е за силување жени

Vecer | 28.10.2024

Одложено е судењето на Жерар Депардје, обвинет е за силување жени

- Жерар Депардје е крајно погоден и, за жал, лекарите му забранија да присуствува на рочиштето, поради што бараме одложување за подоцна, за да може да присуствува - изјави неговиот адвокат Џереми Асус за „Франсинфо“.

Во април годинава полицијата го привела на разговор, но набргу потоа бил пуштен од полициска станица.

- Полицискиот притвор заврши. Тој не беше приведен - изјави тогаш неговиот адвокат Кристијан Сан-Пале, додавајќи дека актерот ги негира споменатите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

Инаку, на 9 јануари годинава жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години, на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува Депардје дека ја пипкал по интимните делови, со груби навреди.

Пред тоа, актерот беше обвинет за слично однесување од уште 13 жени. Наводите биле изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборувале анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови помеѓу 2004 и 2022 година.

На 16 декември 2020 година, актерот бил официјално обвинет за силување и сексуален напад поврзан со тужба поднесена во 2018 година од актерката Шарлот Арну. Случајот беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но повторно беше отворен во 2020 година, а во декември беше поднесена кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk