logo
logo
logo

Објавен трејлер за новата германска трилер-акција „Exterritorial“

Vecer | 16.04.2025

Објавен трејлер за новата германска трилер-акција „Exterritorial“

Филмот е сместен во светот на меѓународната дипломатија и ја следи Сара - поранешна припадничка на специјалните сили, чиј живот добива необичен и опасен тек при посета на американскиот конзулат во Германија, кога нејзиниот син исчезнува без трага...

Освен француско-германската глумица во главната улога - Жан Гурсо, во ова остварување глумат и Дугреј Скот, Нина Лиу, Анабел Манденг, Кајоде Акињеми, Лера Абова итн. Режисер и автор на сценариото е Кристијан Зуберт.

Филмот е во германска продукција и ќе се прикажува на Нетфликс од 30 април.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk