„Чувствувам дека до сега, по 45-годишна кариера и повеќе од 100 филмови, кажав сѐ што имав да кажам преку кинематографијата. Би сакал да се поклонам и да кажам „Адиос““, изјави Кејџ. „Мислам дека ми остануваат уште три или четири филма додека да дојдам до тој момент, а потоа се надевам дека ќе го сменам форматот и ќе најдам некој друг начин да ја изразам својата глума.
„Посакувам да ја напуштев филмската индустрија кога бев на врвот, со филм како „Сценарио за соништата“. Но, имам други договори за исполнување, па ќе видиме“, продолжил тој. „Ќе бидам многу строг и пребирлив при изборот на филмови.“
Кога Кејџ би можел да го избере последниот филм во кариерата, тоа би бил Dream Scenario. Dream Scenario е црна комедија од продуцентската куќа А24 во која Кејџ ја игра главната улога. Филмот го режираше Кристофер Боргли, а продуцираа Ари Астер и Ларс Кнудсен.
Кејџ објасни дека сака да престане да работи на филмови бидејќи сака да се посвети на своето семејство. Актерот следниот месец ќе наполни 60 години и би сакал да поминува што повеќе време со своите деца.
Кејџ исто така рече дека би сакал да глуми во телевизиска серија што ќе се снима на една локација, дека нема да мора да патува и дека ќе може да биде со семејството.
Оваа година Николас Кејџ глумеше во филмовите Dream Scenario, Renfield и The Retirement Plan, а наскоро ќе го гледаме и во хорор филмот Longlegs.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата