logo
logo
logo

Никола од Жешко столче „ЗАГЛАВИ ВО САМИЦА“ на аеродром во Франкфурт

Vecer | 27.09.2022

Никола од Жешко столче „ЗАГЛАВИ ВО САМИЦА“ на аеродром во Франкфурт

Патувањата секогаш будат убави чувства и носат незаборавни спомени, е токму такви ќе има и водителот на „Жешко столче“. Додуша неговите не се баш пријатни и сигурно ќе ги памети како најлошото можно искуство во животот, а еве и зошто. Никола денес на пат за Мајорка каде одел преку Франкфурт, вели, бил третиран како најголем криминалец и бил однесен во самица, а сето заради недоразбирањето кое му се случило додека ја поминувал царинската контрола.

Без објаснување Никола бил спроведен во просторија каде останал сам два часа, додека траеле проверките зошто и како претходно престојувал во Шпанија.

„Навистина беше благо кажано страшно. Се чувствував непријатно додека тројца полицајци ме носеа низ целиот аеродром како да сум најголем криминалец. Тие два часа во аеродромската просторија траеја како цела вечност, за среќа, се добро се заврши, увидоа дека се работи за нивна грешка и веќе сум на Мајорка“, вели Никола.

Се вели, се паметат само убавите работи, на Никола му посакуваме да си направи убави спомени, а „самицата“ да му остане како анегдота.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk