logo
logo
logo

Никол Кидман ги воодушеви сите на црвениот тепих, сите го гледаа нејзиниот фустан (ВИДЕО)

Vecer | 12.12.2024

Никол Кидман ги воодушеви сите на црвениот тепих, сите го гледаа нејзиниот фустан (ВИДЕО)

Таа на црвениот тепих се појави во фустан без прерамки со цветни украси. Имаше црн појас околу половината.

Babygirl ја следи Роми (Никол Кидман), моќна извршна директорка која ги става во опасност нејзината кариера и семејството кога започнува афера со помлад практикант (Харис Дикинсон). Иако филмот опфаќа некои важни теми, има и контроверзни сцени кои веќе предизвикаа реакции во јавноста.

Никол на црвениот тепих изјави дека публиката треба да одлучи што мисли за тие сцени. "Едноставно сакам што секој има различно сфаќање за сцените. Навистина е забавно. Филмот очигледно има необичен наслов, но навистина е забавен, а исто така е храбар и нов", рече таа.

Иако филмот се уште не е прикажан пред публиката, Никол веќе доби номинација за Златен глобус за најдобра актерка. „Навистина сум благодарна за номинацијата и што добиваме огромно внимание. Добивам пораки од луѓе ширум светот кои ми честитаат“, рече Никол.

Режисерката Халина Рејн најде инспирација за филмот во филмот Основен инстинкт и во приказната за жена која не доживеала сексуално задоволство во 25 години брак. Никол беше привлечена од улогата затоа што претставуваше нов предизвик во нејзината кариера.

Иако филмот се уште не е објавен, тој веќе предизвика многу контроверзии по објавувањето на трејлерот.

„Вистински божиќен филм за гледање со семејството... Воопшто нема да биде чудно“, „Веќе можам да видам дека ова ќе биде филм што традиционално го гледаме секоја година за време на празничната сезона“, „Овој Божиќ ќе добијам она што го сакам - Харис Дикинсон во еротски филм“, се пошегуваа луѓето во коментарите на YouTube.

Babygirl ќе се појави во кината на 25 декември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk