logo
logo
logo

Несреќната Ен Хеч не може да почива во мир: Синот и поранешниот сопруг се караат за милионите

Vecer | 02.10.2022

Несреќната Ен Хеч не може да почива во мир: Синот и поранешниот сопруг се караат за милионите

Таа почина во болница во Лос Анџелес на 14 август, девет дена откако со голема брзина удри со автомобил во куќа во Мар Виста. Во несреќата нејзиниот автомобил се запалил, а Хеч се здобила со сериозни повреди. Таа паднала во кома од која не се разбудила. За жал, несреќната Ана не може ни да почива во мир.

Два месеци по нејзината смрт, сите пишуваат за војната за нејзиниот имот. Нејзиниот постар син Хомер Лафон (20), кого го имаше во бракот со Колман Лафон, влезе во правна битка со поранешниот сопруг на актерката Џејмс Тапер (57) за контрола на нејзиното наследство. Кога таа починала, американските медиуми пишуваа дека вредноста на нејзиниот имот се проценува на нешто повеќе од четири милиони долари.

По нејзината смрт, се покажало дека тестамент не постои, а синот побарал да биде именуван за извршител на тестаментот. Тогаш Тапер изјавил дека има е-пошта од 2011 година во која Хеч му ја доверила таа должност.

Магазинот „Пипл“ дошол до нови судски документи, девет страници текст, кои синот ги приложува на претходното барање да му биде предадена контролата на имотот што мајка му ги оставила зад себе.

Во поднесокот, синот тврди дека документот од 2011 година, кој Тапер го смета за последна волја на Ен Хеч и го именува како администратор на нејзиниот имот, е неважечки. Документот, електронската пошта, вели тој, нема потпис на мајка му, ниту потпис на сведок, како што налага законот.

Адвокатскиот тим на Хомер Лафон, исто така, ги нарече тврдењата на Џејмс Тапер дека тој не може да управува со имотот на неговата покојна мајка бидејќи бил во лоши односи со неа во моментот на нејзината смрт и тие не комуницирале.

Тапер, исто така, рекол дека Лафон ги сменил бравите на станот на неговата мајка, каде што таа живеела со нивниот син, 13-годишниот Атлас Хеч Тапер, и дека тинејџерот не можел да дојде до неговите работи во станот. Хомер, пак, во поднесокот пишува дека поранешниот сопруг на неговата мајка ги спречува сите негови обиди да контактира со својот полубрат по нејзината смрт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk