logo
logo
logo

НЕОБЈАВЕНА СНИМКА од Џон Ленон продадена за неверојатни 58.300 долари

Vecer | 29.09.2021

НЕОБЈАВЕНА СНИМКА од Џон Ленон продадена за неверојатни 58.300 долари

Касета со снимка од интервјуто со Џон Ленон и Јоко Оно и песна која досега не беше објавена, а снимена за време на нивната посета на Данска во 1970 година, беше продадена на аукција во Копенхаген во вторникот за 58.300 долари.

Касетата која ја содржи и снимката на необјавената песна „Радио мир“, е снимена на 5 јануари 1970 година, од четиринаесет и шеснаесетгодишни ученици од Данска, кои успеале да добијат интервју со парот за нивното училишно списание.

Почетната цена за снимката, која беше понудена на продажба од четворица поранешни соученици заедно со фотографии од средбата, изнесуваше 100.000 дански круни. Пред аукцијата, вредноста на понудениот пакет беше проценета помеѓу 2(31.500-47.000 американски долари. Името на клиентот не е откриено.

За време на 33-минутното снимање, Ленон зборува за мировната кампања што ја водат тој и Јоко, за неговата фрустрација од имиџот на Битлси и за должината на неговата коса.

На снимката се прикажани и Ленон и Оно како танцуваат околу елката, пеат божиќни песни, Ленон свири гитара и заедно пеат „Give Peace a Chance“ и „Radio Peace“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk