Куќата на Есма и Стево Теодосиевски, која по нивната смрт требаше да биде музеј на хуманоста и музиката - пропаѓа. Од објектот буквално се останати само голи ѕидови, а во внатрешноста само по некој безвреден остаток сведочи дека на времето во него некој живеел.
Се што некој сметал дека било вредно е однесено, а да биде иронијата уште поголема откорнати се и каблите од ѕидовите. Само уште по некој стар весник и фотографии расфрлани по подот стојат како неми сведоци за животот на кралицата на ромската песна Есма.
Клучот од куќата, како што се пишуваше своевремено, го имаат внуците на Есма кои го оспоруваат нејзиниот тестамент и не дозволуваат да се реализира желбата на Есма и Стево и куќата да биде претворена во музеј. Но и да се случи тоа, никој не знае каде се однесени сите вредни предмети од домот.
Се вели дека една фотографија вреди илјада збора, па затоа во прилог ви носиме ексклузивни фотографии од внатрешноста кои се неми сведоци за непочитувањето на ликот и делото на големите Есма и Стево.
Фото: Вечер.мк
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата