logo
logo
logo

Најубаво тело на World Next Top Model 2023 имаше нашата Матеа

Vecer | 31.05.2023

Најубаво тело на World Next Top Model 2023 имаше нашата Матеа

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023г. Нашата држава ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело - MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, односно World Next Top Model за 2023г е девојката од Казахстан, прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.

Матеа Христовска е членка на модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk