27-годишната американска актерка носеше виолетови бикини и ја намести русата коса во неуредна пунџа за да не ѝ паднат прамените врз лице. Изгледот го дополни со мали обетки и модерни црни очила за сонце.
Многумина сметаат дека Сидни е најубавата актерка на денешницата, па дури и научниците ја проучувале нејзината убавина. „Убавината на Сидни Свини е вкоренета во фактот што нејзините црти на лицето се симетрични и совршено пропорционални. Овие идеални пропорции на лицето често се нарекуваат „златен пресек“, вели пластичниот хирург Онур Гилеард, пренесува The Sun.
„Покрај убавината на нејзиното лице, таа поседува и неверојатна фигура. Златниот пресек може да се примени и на обликот на градите, анатомијата на половината и односот на задникот до половината. Кога ќе ја анализираме нејзината фигура користејќи ги овие соодноси, таа ги исполнува сите критериуми“, додаде тој.
Сидни во минатото често велеше дека најголемата заблуда што луѓето ја имаат за неа е дека таа е само „глупава русокоса со големи гради“. „Сечие тело е прекрасно кога си самоуверен и среќен одвнатре, тогаш тоа го гледаат другите“, изјави актерката.
„Кога бев во средно училиште, се чувствував непријатно поради големината на моите гради и реков дека кога ќе наполнам 18 години, ќе ги намалам“, изјавила таа еднаш за Glamour UK. Додала и дека нејзината мајка ја одвратила од тој потфат и објаснила дека ќе зажали за таа одлука на факултет.
Неодамна таа се најде на удар на искусната холивудска продуцентка Керол Баум, која откри дека нејзините студенти на Факултетот за филмски уметности на Универзитетот во Јужна Калифорнија не можат да дадат задоволителна причина зошто 27-годишната ѕвезда е толку популарна.
Не долго потоа, Свини одговори на нејзините критики. „Колку е тажно што една жена која е во позиција да ја сподели својата експертиза и искуство, наместо тоа избира да нападне друга жена. Нејзиното неправедно омаловажување доволно зборува за ликот на г-ѓа Баум“, рече таа.
„Извинете што имам одлични гради“, објави таа на Инстаграм потоа.
Потсетуваме дека на пошироката јавност ѝ стана позната преку серијата Еуфорија, во која го толкуваше ликот на Кеси Хауард, емотивно сложена млада жена која се бори со сопствените несигурности и желба за прифаќање. Пред Еуфорија, Свини глумеше во серијата „Приказната на слугинката“, каде што ја портретира Иден Спенсер, млада жена во дистопискиот свет на Маргарет Атвуд. Покрај тоа, таа се појави и во серијата Остри предмети и Сè што смрди!
Таа е позната и по тоа што активно се занимава со продукција. Основаше своја сопствена продуцентска куќа наречена Fifty-Fifty Films, со цел да создаде проекти кои ги истакнуваат женските ликови и перспективи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата