logo
logo
logo

Најславната Украинка блеска во Њујорк во мини фустан и високи чизми (ФОТО)

Vecer | 02.10.2022

Најславната Украинка блеска во Њујорк во мини фустан и високи чизми (ФОТО)

Мила носеше краток, црн мини фустан со длабоко деколте, слично на сако, со кадифен материјал околу половината и чизми со високи потпетици од сличен материјал. Нејзината брановидна црна коса слободно ја пуштила да ѝ падне на рамениците, а зелените очи ги истакнала со шминка.

Најпознатата Украинка во Холивуд на премиерата дојде без сопругот Ештон Качер. Инаку, Luckiest Girl alive е филмска адаптација на истоимената книга на Џесика Нол од 2015 година, а филмот ќе се прикажува на Нетфликс на 7 октомври.

Во филмот, Мила ја глуми Ани Фанели, жена која живее во Њујорк, која изгледа дека има сѐ, но ја прогонува трагичен настан од нејзиното минато. Тоа минато се заканува да уништи сѐ што Ани постигнала во животот кога од неа се бара да учествува во снимањето на документарен филм во нејзиното поранешно средно училиште. Во филмот играат и Фин Витрок, Кони Бритон, Скот Мекнер и Џенифер Билс.

Заедно со „Најсреќната жива девојка “, Мила доби улога и во серијата „Тоа шоу од 90-тите“, која се базира на серијата во која глумеше, „Тоа шоу од 70-тите“. Мила и Ештон се запознале на снимањето на таа хумористична серија во 90-тите, иако се забавувале, а потоа се венчале само година подоцна, во јули 2015 година. Мила и Ештон ја имаат ќерката Вајат (7) и синот Димитри (5).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk